Бранко Пендовски (мај 1927, Кочани) бил македонски писател, член на Друштвото на писателите на Македонија. Како стипендист на француската влада, во Париз, на Сорбона ја проучувал современата француска драма. Бил уредник и директор во книгоиздателството “Култура“, напишал повеќе драми и збирки раскази. Добитник е на наградата “Војдан Чернодрински“. Починал во 2011 година.