Благој Попов (1923 г., Кочани) бил редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје, во 1967 година бил избран меѓу првите 14 членови на Македонската академија на науките и уметностите - МАНУ со висока функција во неа, а од 1967 до 1969 година бил ректор на Универзитетот во Скопје. Имал голема заслуга за развој на математичката наука во Македонија.