Лазар Бабамов (1906 г., Кочани) е еден од првите агрономи во Македонија меѓу двете светски војни. Дипломирал на Земјоделскиот факултет во Белград, а со негово залагање е отворена Реонската опитна станица, подоцна Институт за ориз.Правел опити за семепроизводство на ориз, а ги создал првите селектирани сорти ориз N62, N69 и N51 кои дале одличен квалитет и високи приноси што го зазеле третото место во светот. Бил редовен професор на Земјоделскиот факултет во Скопје и експерт на Светската организација за храна - ФАО. Починал во 1976 година.