Малина Попиванова (1902 г., Кочани) била македонска револуционерка. Како делегат учествувала на Четвртиот конгрес на КПЈ во Дрезден, заедно со Кочо Рацин, и на конгресот била избрана за член на ЦК КПЈ, со што станала првата Македонка на највисока позиција во КПЈ. По конгресот се враќа во Загреб, но поради болест, во 1929 г. емигрирала во СССР каде продолжува да живее и работи под името Елена Николаевна Галкина. Во 1937 година, во екот на Сталиновите чистки била исклучена од партијата и затворена, а две години подоцна е ослободена од обвиненијата и се населува во Тјумен. Таму останува до крајот на животот, работејќи како наставник по историја на педагошка школа. На 28 ноември 1963 со одлука на Воениот колегиум на Врховниот суд на СССР, заедно со својот татко Стефан политички е рехабилитирана и заведена како Македонка. Овој податок е земен од формуларот-прашалник што таа го пополнила во 1932 година кога барала лична карта на Советскиот Сојуз, каде во рубриката “националност“ напишала - Македонка. Умира во 1954 година.