Цеко (Стефанов) Попиванов (Кочани, 1907 г.) бил македонски поет, писател и новинар. Во 1926 година учествува на Вториот конгрес на СКОЈ во Виена. Во 1933 година ја објавува својата најзрела поетска творба, репортажната поема „Мата Теглач“. Критиката доста поволно ја оценува оваа поема, но набрзо неговиот татко Стефан Попиванов е уапсен од Сталиновата полиција во СССР како агент-провокатор и како реакција на тоа, левоориентираните публикации во земјата му ги затвораат вратите на Цеко. Во 1938-1939 година ја пишува драмата „Земјата“ на македонски народен јазик, а во 1941 година објавува избор од својата поезија под наслов „Оризови полиња“. Во 1930-тите соработува со повеќе весници и списанија („Луч“, „Вардар“, „Штампа“, „Правда“), уредник е на „Јужни задругар“, а пишува и за бугарски весници. Одржува блиски контакти со Кочо Рацин, Јован Поповиќ, Антон Колендиќ и Бранко Лазаревиќ. На 20 септември 1944 година, непосредно пред ослободувањето на Скопје, се самоубива. Син е на Стефан Попиванов и брат на Малина Попиванова. Татко е на сликарот Златко Стефанов.