ПУШТЕНА ВО РАБОТА ФАБРИКА ЗА РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ ЗА МОТОРНИ ВОЗИЛА ВО КОЧАНИ
Кочани, 25. ноември Во Кочани денеска е пуштена во погон фабрика за резервни делови за моторни возила. Во присуство на поголем број граѓани и работници, фабриката ја пушти во погон потпретседателот на Извршниот совет на Македонија Ристо Џунов. Годишното производство на овој објект ќе изнесува 275 тони различни делови за моторни возила. Бруто производот на фабриката ќе изнесува 703 милиони динари. Фабриката “Руен“ е конструирана така што ќе може да произведува и други индустриски производи. (Танјуг)
- напис во весникот Борба објавен на 26. неомври 1962 г.