(Кочани, 4. јули) - Седум младинци, членови на ракометниот клуб „Кочани“ од истоимениот град тргнаа денеска на пешачки марш од Кочани до Куќата на цвеќето на Дедиње. Кочанските младинци ќе поминат патека од 653 километри, а на 16. јули ќе стигнат во Белград, каде во Куќата на цвеќето ќе му оддадат почит на саканиот Тито. Младинците Љупчо Тренчев, Бранко Апостолов, Ѓорѓи Катмеров, Николчо Симеонов, Владимир Андов, Зоран Кушевски и Лазар Димитријев ќе поминат низ Крива Паланка, Босилград, Власотинце, Крушевац, Крагуевац каде во спомен паркот во Шумарице ќе положат букети цвеќе на споменикот на жртвите на масовното стрелање. Ж.Ц. (напис во весникот Борба, 5. јули 1980 г.)