Изградба на пругата Штип - Кочани. Прилог од весникот „Илустровани лист“ , Белград 1925 г. Во написот пишува: „Во почетокот на јули минатата година почнаа работите на новата пруга, која ќе ги поврзе Штип и Кочани. Самата должина на пругата е 33 километри, а ќе има три станици и еден мост, што ќе биде на Злетовска Река. Пругата се простира по долината на Брегалница, па ја пресекува Злетовска Река и стигнува до Кочани, а оттаму ќе продолжи преку Царево Село до Берово и евентуално ќе се поврзе со пругата Штип - Радовиш - Струмица. Рокот за довршување на пругата е 1 септември оваа година, но веројатно ќе биде завршена порано. Нашите слики го претставуваат подигањето на пругата: 1. Поставување на колосекот, 2. Фундирање на столбовите на Злетовски мост, 3. Директорот на Дирекцијата за изградба на пругата, г-н Огњан Кузмановиќ со останатите членови на инспекцијата во посета на работите на Злетовски мост.“
Пругата била завршена во предвидениот рок, а пуштањето во сообраќај се случило на 26 јуни 1926 г. со доаѓањето на првиот воз во Железничката станица во Кочани, на кое присуствувал и српскиот крал Александар Караѓорѓевиќ.