Амблемот на младинската работна бригада „Љупчо Сантов“ од почетокот на 80-те години. Веднаш по Втората светска војна во Југославија започна организирањето младински работни акции за обнова и изградба на патишта, пруги и други објекти на кои учествуваа младите од сите републики. Меѓу нив беа и младинците од Кочани организирани во младинска бригада што го носеше името на кочанскиот револуционер Сантов. Овој амблем беше зашиен на работната облека како обележје на Кочани.