Дел од атмосферата на натпреварот меѓу “Осогово“ - “Брегалница“ (Штип) одигран на 13 јуни 1993 година во Кочани. Старата западна трибина беше срушена и беше почната да се гради сегашната, aма и покрај тоа на стадионот имаше над 9-10 илјади гледачи. Натпреварот беше прекинат во 83 минута при резултат 1:2 за “Брегалница“. Во тој момент беше досуден пенал за “Осогово“ затоа што гостинскиот играч Маниќ играше со рака во својот казнет простор, но фудбалерите и навивачите од Штип не дозволија да се изведе ударот од белата точка, па играта беше прекината. Подоцна натпреварувачката комисија донесе одлука натпреварот да се регистрира со службен резултат од 3:0 за “Осогово“. Натпреварот беше клучен за опстанок во Првата македонска лига, па “Осогово“ остана во лигата, а “Брегалница“ испадна во понизок ранг.