На 7 септември 1994 година за прв пат во Кочани се одигра меѓународен натпревар на една македонска репрезентација. На стадионот “Никола Мантов“ играа младите репрезентации до 21-годишна возраст на Македонија и Данска. Победија домаќините со резултат 5:3. Западната и источната трибина беа полни до последно место, односно имаше рекордна посетеност од преку 7.000 гледачи што никогаш не се повтори.