Пред почетокот на Втората светска војна сите фудбалски клубови што постоеле во Кочани се споиле во еден клуб кој се викал Фудбалско друштво “Македонија“. Во екипата настапувале Тошо Сенев, Михаил Андонов - Мишо Донкин, Панче Манов - Ѓаволиски, Ќемал Абазов, Александар Ефтимов, Благој Веселинов - Дојче, Иван Нишанџиски, Симо Донев - Џајката, Љупчо Алексиев - Бабицата, Тоде Паљошо, Ацо Викентиев. Со ова име клубот се натпреварувал се до почетокот на 50-те години кога го добил името “Осогово“.