Раде Кратовче бил роден во 1911 година во Кратово, а во 1932 година со семејството се доселил во Кочани. Во април 1941 година учествувал во протестите против доаѓањето на бугарската војска, а во ноември 1942 година бил затворен поради револуционерната активност. По излегувањето од затвор во илегала работел на формирање партиски групи на Комунистичката партија во Осоговието,, на терените на селата Вранинци, Речани, Пресека и Главовица. На 21 март 1944 година бугарската фашистичка полиција дознала за активностите и испратила потера кон селото Главовица. Во вооружен судир со полицијата и контрачетниците, заедно со Љупчо Сантов убиле двајца од полицајците а неколкумина раниле. При обид да го пробијат обрачот и двајцата загинале на 23 март 1944 година.