Никола Вражалски (Коле Пацин) бил Јавен обвинител на Народна Република Македонија. Роден е 1914 година во Кочани, а дипломирал на Правниот факултет во Белград 1940 година. Бил член на АСНОМ и организатор на Народноослободителниот одбор во Кочани во 1944 година. Во 1945 година бил именуван за Окружен јавен обвинител, а потоа и за Помошник на јавниот обвинител на Народна Република Македонија. Бил и народен пратеник во Уставотворното собрание на Народна Република Македонија од кочанска околија и член на Уставотворниот одбор за поготовка на Уставот на Народна Република Македонија од 1946 година. За јавен обвинител на Народна Република Македонија е именуван на 27.07.1946 година каде останува до 3.11.1948 година. Починал во Скопје во 1997 година.