Вокално-инструменталниот состав “Тенеси“ е формиран во почетокот на 60-те години. Во почетокот групата ја сочинувале Спасе Арсов, соло гитара, Драгољуб Манев, ритам гитара, Благој Михајлов, бас гитара и Трендо Христов, тапани. Во 1965 година во групата за тапанар доаѓа Иљами Мемедов.
На репертоарот била музика од популарните групи во тоа време: “Битлси“, “Ролингстоунс“, “Манферд мен“, “Шедоус“ и други.