Македонската музичка ѕвезда Тоше Проески во декември 2002 година гостуваше во Спортската сала во Кочани, за време на промоцијата на неговиот трет албум “Ако ме погледнеш во очи“. Салата беше исполнета до последното место, а на концертот го придружуваше Есма Реџепова за заедно да ја исполнат песната “Магија“ од истиот албум. Тоше во Кочани доаѓаше неколку пати, а последен пат на хуманитарен концерт.