Во времето кога поранешната фабрика за целулоза и хартија работеше со полна пареа, како суровина ја користеше пченичната слама. Таа се носеше од овчеполието и другите региони на Македонија, па дури и од подалеку. За превоз се користеа препознатливите сини „скании“ на Автотранспорт - Кочани, а се користеше и железнички транспорт за што беше изградена пруга во кругот на фабриката. Балите со слама се редеа во високи “пирамиди“ за што се ангажираа голем број редовни и сезонски работници. - 1971 година