На 19 јули 1958 година во Белград се одигра натпреварот од Младинското првенство на Југославија помеѓу “Осогово“ и “Динамо“ од Загреб. Победија кочанските фудбалери со резултат 3:1 (1:0). На првенството играа уште и екипите на “Црвена ѕвезда“ и “Партизан“ - Белград, “Шибеник“ и “Будуќност“ - Титоград. На фотографијата: Ковачевиќ, Серафимов, Наунов, Салтиров, Сантов, К. Кметски, Герасимов, Димов, Милутиновиќ, Петров, Диневски и Хаџиев.