Борачот на БК “Спартак“ Коце Ефремов беше член на југословенската репрезентација на Медитеранските игри во Сплит во 1979 година. Го освои златниот медал во борење - слободен стил во категорија до 48 килограми. Како репрезентативец на СФРЈ учествуваше и на Олимписките игри во Москва во 1980 година и го освои седмото место. Ефремов почина на 7. октомври 2018 година.