Помеѓу двете светски војни во Кочани имало неколку фудбалски екипи кои работеле под различни имиња: “Витез“, “Хајдук“, “Југ“, “Младина“ и други. На оваа фотографија е екипата на ФК “Југ“ (од лево): Б. Зако, Ибраимов (везирката), В. Арсов (мачето), непознато воено лице, Митко Теодосиев (есапо), Ацо (србинот), Лазар Јанков (тиквешо), Т. Кузманов (чибуко) (клечат): Наум Манов (Унчо), Мише (албатино) и Анче Крушаров - 1939 година