Екипата на фудбалското друштво “Македонија“ пред пријателскиот натпревар со ФД “11 Октомври“ од Куманово. Тоа бил прв ноќен натпревар во фудбалската историја на Кочани што се одиграл под електрични светилки. Од лево на десно: Мишо Донкин, Дојче Веселинов, Тоде Чибуко, Ване Стојанов - Пампуро, Тодор Паљошо, Војо од Кавадарци, Благој Божаната, Тодор Јорданов - Тошето, Кирил Алексиев - Лотар, Митко Маклимо и Љупчо Алексиев - Бабицата. Победиле домашните со резултата 4:1, а натпреварот се играл за Петровден на старото игралиште, во близина на денешната Ветеринарна станица. - 12.07.1947 година