Во 70-те години популарно беше отворањето стоковни куќи, како претходница на трговските центри и современите молови. Во тој период Кочани доби две стоковни куќи, едната беше на домашната трговска организација „Нова Трговија“, лоцирана на тогашниот градски плоштад спроти зградата на Општината. На приземјето имаше богата понуда од облека, теписи, ситни електротехнички уреди, парфимерија, на катот се продаваше женска и облека за деца, штофови, а во приземјето садови за домаќинството, железарија и слично. - 1976 година