Учесници на велосипедска трка по повод 22 октомври - Денот на ослободувањето на Кочани. Од лево на десно: Ристо Димовски (милицаец), Никола Манојлов, Мијалче Алексов (Чуко), Стојан молеро, Блаже поштаро, Офе Бабамов, Цеко Sекара. Во тој период Бабамов изнајмувал велосипеди (1 динар = 1 минута), сервисот му бил во куќата на Коста Коњалиски, а сервисер бил Јордан Точилов - 1959 година