Штафетата на младоста, што по повод 25 мај - Денот на младоста и роденденот на Тито се носеше низ цела поранешна СФР Југославија, во 1983 година ноќеваше во Кочани. Во големата сала на тогаш новоизградениот Спомен дом АСНОМ во текот на целата вечер покрај штафетата се менуваа почесни стражи во кои учествуваа голем број граѓани на Кочани, а на сцената имаше културно-ументичка програма со рецитали на ученици, настап на фолклорни ансамбли и поп-рок музички групи од градот домаќин и од источниот регион. На фотографијата почесна стража даваат Тодосија Паунов, како претседател на Собранието на Општина Кочани и Иван Иванов - Балаш, како претседател на Извршниот совет на Општина Кочани - април 1983 г.