Неколку години по смртта на маршалот на СФРЈ, Јосип Броз Тито, вообичаено беше да се организираат маршеви до неговиот гроб во Белград, за да се стигне на годишнината од смртта на 4 мај. Ова е фотографија на група младинци-спортисти од Кочани пред самото тргнување, на положување цвеќе на бистите на Љупчо Сантов и Раде Кратовче во паркот во Кочани. Од лево: Валентин Крушарев, Владо Андов, Љупчо Тренчев и Ѓорѓи Катмеров - април 1981 година