Љупчо Сантов бил роден на 17 март 1921 година во Кочани во угледно семејство. Основно училиште завршил во Кочани, а гимназија во Велес. Во 1939 година се запишал на Техничкиот факултет во Белград каде ја започнал револуционерната активност. Непосредно пред Втората светска војна се вратил во Кочани, каде учествувал во формирањето на читалиштето “Искра“ кое станало средиште на прогресивната младина и симпатизерите на ослободителното движење. Поради револуционерната активност бил затворан, а херојски загинал на 23 март 1944 година во пазувите на Осогово, заедно со својот соборец Раде Кратовче.