Доктор Константин Апостолов ја основал Вирусолошката лабораторија при Републичкиот завод за здравствена заштита.
По 1963 година кариерата ја продолжува во Англија, прво во Регионалната вирусна лабораторија во Болницата во Бирмингем, каде што специјализирал електронска микроскопија, потоа во Институтот за вирусологија и хемотерапија во Истражувачките лаборатории во Бекенхам, Кент. Од 1972 година до своето пензионирање работел како виш предавач и советник во Болницата Хамерсмит во Лондон.