Оркестарот на ДТВ “Партизан“ во 1955 година. Нов раководител на орксетарот станал Никола Зашев - хармоника (на местото на Филип Прокопенко), а други членови биле Војо Пејов - прва труба, Владо Поп Јаков - втора труба, Гиле Серафимов - саксофон, Киро Николов - Цицибан - саксофон, Никола Захариев - Кметски - гитара, Ванчо Алексов - Кумуро - контрабас и Томе Панов - втора хармоника.