Сцена од премиерната изведба на претставата “Копнежи под брестовите“ од Јуџин О`Нил во изведба на Народниот театар од Кочани. Премиерата била изведена на 10 октомври 1954 година, а претставата имала 8 изведби и ја виделе 1.692 гледачи. Преводот на текстот и режијата на претставата била на Борис Стојчев кој ја имал и улогата на Ибен, а играле и Митко Тодоров како Ефрем Кабот, Стојчо Стојанов како Самсонг, Никола Димитров како Петер и шерифот, Лидија Пешева (Ефремова) како Абипутнам и Ружа Арсова како девојката.