Во 1971 година беше направен редовен попис на населението и домаќинствата во Социјалистичка Република Македонија. Според официјално објавените податоци, тогашната општина Кочани (во чиј состав беа и сегашните општини Чешиново-Облешево и Зрновци) имала 44.000 жители, односно имала најмногу население во Брегалничкиот регион, пред Штип со 41.000, Делчево 21.000, Свети Николе 21.000, Берово 20.000, Виница 16.000 и Пробиштип 15.000. Исто така, и густината на населението во општина Кочани била најголема - 77 жители на квадратен километар, пред Штип со 50, Пробиштип - 46, Виница - 38, Делчево - 37, Свети Николе - 33 и Берово со 25.