Патничкиот воз на релацијата Кочани - Скопје и назад некогаш беше нормален начин за патување за жителите од населените места од целиот источен регион по течението на Брегалница. Линијата се одржуваше секојдневно, пред повеќе децении со две поаѓања и две пристигнувања на возот во текот на еден ден (наутро и попладне), а потоа само со едно поаѓање (наутро) и доаѓање (попладне). Ова е патничкиот воз во правец кон Кочани,на железничката станица Соколарци, на едно од неговите последни редовни возења - 15.08.2008 г.