Ѓошо Викентиев е роден во 1920 година во Кочани во сиромашно занаетчиско семејство. Основното училиште завршува во родниот град, а во 1934 се запишува во Военото хемиско училиште во Крушевац. Во 1941 година се враќа во родниот крај и со своите најблиски се соочува со бугарската окупација. На 6 септември 1944 година стапува редовите на НОВ и ПОМ, во склоп на IV Македонска бригада како борец. Неговата чесност, енергичност, храброст и истрајност во акциите, се и карактеристики поради кои ќе биде примен во редовите на КПЈ. Подоцна станува и командир на VI баталјон, а на таа должност ќе го дочека и својот крвав крај во октомври 1944 година во битката за ослободување на Кочани на олтарот на слободата.