Народни поговорки и изреки од Кочанско - 2
Entry description:
Настап на ансамблот за староградски песни на ЦК “Бели мугри“ на фестивалот Охридски староградски средби во 1984 година. Поговорки во дијалошка форма од кочанскиот крај кажуваат Ванчо Ампов и Димче Спасов, подготвени од Борис Стојчев.
-Штом играш на танецо секој ќе те гледа!
+ Е, за да бидеш танчерија треба која кола ја‘аш, таа песна да поеш!
- Е, шири ми се меше, ќе се јаде туѓо прасе!
+ Море, чисти раци не јадат печено прасе.
- Па, знаеш, вуко јаде и од броеното.
+ Имаш право, ако бегаш од буљуко - ќе те јаде вуко.
- Ако си овца, па секој ќе те стриже.
+ Е, така си е, ако не ранеш мачки, ќе ранеш глувци.
- Гледаш, на него копаните, на нас оризо.
+ Епа, инато чим му е посладок и од медо.
- Гаќите ти горат, он сака да си запале цигаре.
+ Море, со лага не се бива ага.
- Море, с‘нцето и ѓубрето го грее!
+ Епа, шо си дробе нека си срка.
- Имаш право, сѐ шо се прца не се козе.
+ Ајде, ајде, голем залак г‘тни, голема дума не кажувај!
- За голема риба - голема вода.
+ Е, ако ги слуша Господ кучињата, место дож ќе врне пастрма.
- Ако го боцкаш магарето, па, ќе му го слушаш рикањето.
+ Ти му викај - ерген сам, он те пита колку деца имаш!
- Па, така знае Пејо, така кара деца - дома, дома дечица, оти - мајчица!
Author: Staro Kocani
[ Регистрација - Registration | Пријави се - Login ]