Видео разгледница од Кочани
Entry description:
Видео разгледница од Кочани, може да се види дека сообраќајот на улиците „Маршал Тито“ и „Кеј на Револуцијата“ е двонасочен. Продавницата во која се направени снимките е самопослугата на “Нова Трговија“ на “Кеј на Револуцијата“ во близина на тогашната градска аптека. Ова е периодот пред економските реформи што ги направи тогашниот југословенски премиер Анте Марковиќ и воведувањето на конвертабилен YU динар за да се смири енормно високата инфлација која достигна над 2600% годишно. Овде се гледаат старите динари и необично високи цени на прехранбени производи во услови на инфлација - снимките се од септември 1989 година
Author: Staro Kocani
[ Регистрација - Registration | Пријави се - Login ]