Во 1993 година се одигра меморијален натпревар во мал фудбал како одбележување на 20-годишнината од смртта на фудбалерот Никола Мантов, кој почина на 1 јули 1973 година за време на фудбалскиот натпревар во.Кочани против „ФАС 11 Октомври“ од Скопје. На натпреварот настапија две екипи составени од фудбалери од генерацијата на Мантов - во едната екипа беа: Војо Петров - Диди, Димитар Атанасов - Дандара, Благој Јорданов - Жок, Стевчо Ангелов - Дандара, Лазар Балдазаров - Балда, Ацо Стојановски - Шинел, Димитар Андонов - Грдовски, Љупчо Серафимов - Љубе, Методи Данилов - Симата и Раде Тодоров - Рац, а во другата Драгољуб Михајлов - Драганица, Драган Поповски - Црвец, Љупчо Рашков - Брзич, Благој Марков - Аџикимо, Лазар Костадинов - Блохин и Драган Златанов - Џаич. По натпреварот имаше дружење и евоциарње спомени за Мантов - април 1993 г.